10.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
КОРОНАВИРУССВЕТИЗБОР

Австрија донесе уредба задолжителна вакцинација – Признати кинеските вакцини, но не и руски „Спутник“

Австриското Министерство за здравство донесе уредба за регулирање на примената на Законот за воведување задолжителна вакцинација против коронавирусот, според кој, покрај вакцините одобрени од Европската агенција за лекови (ЕМА), се признаваат и две кинески вакцини, но не и руски „Спутник“.

Во Австрија во сабота стапи на сила обврската за вакцинација против коронавирусот, а во првата фаза, која важи до средината на март, нема да има казнување, туку само информирање на граѓаните за нивната обврска.

Полицијата од 16 март ќе врши контроли и ќе поднесува пријави при секоја операција, а казните ќе бидат и до 600 евра за „поедноставената постапка“, а во случај на поплака или неплаќање може да се искачат и до 3.600 евра.

Задолжителна вакцинација се однесува на сите полнолетни граѓани регистрирани во Австрија.

Со уредбата на Министерството се утврдени и низа исклучоци од задолжителната вакцинација.

Бремените жени, лицата со посебни автоимуни заболувања, пациентите со рак, особено за време на хемотерапија, пациентите по трансплантација на органи или матични клетки, лицата кои не развиле доволен имунитет по третата доза, лицата со алергии на состојките на вакцината, акутни случаи на вакцина се исклучени од задолжителната вакцинација.

Исто така, 190 дена од вакцинацијата се ослободени лицата кои го поминале Ковид19.

Уверенија за ослободување можат да издаваат само стручни клиники, односно локални државни лекари или епидемиолози.

За да се здобијат со статус на „вакцинирани“, граѓаните мора да ги почитуваат интервалите на вакцинација.

Лицата кои примиле три дози од вакцината или две по претходна инфекција со корона, се третираат како оние кои ја исполниле обврската.

Според регулативата, тоа значи дека втората доза мора да се прими во рок од 65 дена по првата, а третата доза по 190 дена од втората.

Секој што примил една вакцина, а поминала една година од првата доза, ќе мора да прими „нова серија“ од три вакцини.

Слично е ако помине една година од втората доза.

Што се однесува до оние кои имале Ковид, првата доза мора да ја примат во рок од 180 дена по позитивен тест, а втората доза од вакцината во рок од 190 дена од првиот тест.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Албанец осуден на доживотен затвор во Австрија, ја избодел сопругата до смрт бидејќи за појадок му послужила супа

M T

Претседателот на Австрија се лизнал додека се шетал во парк, добил помал потрес на мозокот

M T

Од 1 август нови правила за влез во Австрија поради корона вирусот

M T

Карл Нехамер: За Австрија членството во НАТО не доаѓа предвид

M T

Австрија ги укина сите мерки за ковид

M T

Австрија планира да ги конфискува автомобилите од несовесните возачи

M T