10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТИЗБОР

Во Австрија од денеска стапи на сила задолжителната вакцинација

Во Австрија денеска стапи на сила законoт, според кој вакцинацијата е задолжителна за сите лица над 18 години.

Неколку земји ширум светот воведоа задолжителна вакцинација за постарите граѓани или медицинскиот персонал, но Австрија е прва во Европа што усвои слични прописи.

Австриската администрација посочува дека вакцинацијата е ефикасна во борбата против тешките болести и дека законот е неопходен за да се избегнат нови блокади.

Австриската министерка за ЕУ ​​и устав, Каролин Едштадлер изјави дека администрацијата е свесна дека ова е многу тешка мерка, но дека е неопходна.

„ Ние како политичари имаме одговорност да ја обезбедиме работата на здравствениот систем, за да може општеството нормално да функционира – рече Едштадлер.

Таа признава дека задолжителната вакцинација е мешање во човековите права, но посочува и дека во овој случај тоа е оправдано.

„ Неопходно е да се излезе од пандемијата, а вакцинацијата е единствениот начин да се направи тоа и да се вратиме на нормалниот тек на животот“ вели таа.

Едштадлер нагласи дека Законот за задолжителна вакцинација истекува во јануари 2024 година, но дека тоа може да се случи и порано доколку пандемијата го дозволи тоа. Таа додаде дека властите нема да го проверуваат статусот на вакцинација на населението до средината на март.

Оние кои ќе одбијат вакцинација ќе се соочат со казни од 600 до 3.600 евра. Исклучоци од вакцинација се дозволени само поради медицински причини или бременост.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Забележани големи разлики во просечниот животен век во текот на втората година од Ковид-19

M T

Албанец осуден на доживотен затвор во Австрија, ја избодел сопругата до смрт бидејќи за појадок му послужила супа

M T

ОН: Кина сериозно ги крши човековите права на Ујгурите и другите малцинства

M T

Пандемијата влијаеше на падот на бројот на новороденчиња и бракови во Кина

M T

Претседателот на Австрија се лизнал додека се шетал во парк, добил помал потрес на мозокот

M T

Од 1 август нови правила за влез во Австрија поради корона вирусот

M T