8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

5 СИМПТОМИ НА ОМИКРОН КОИ СЕ ПОЈАВУВААТ ВО ПРВИТЕ 2 ДЕНА ОД ИНФЕКЦИЈАТА: Инкубацијата не е како кај обичната корона – ЕВЕ КОЛКУ ТРАЕ

Студијата врз која се повикуваат сите светски експерти откри колку долго трае инкубацијата и какви се симптомите на инфекција со сојот омикрон во првите 48 часа.

Сè уште се дебатира за симптомите на новата мутација на корона вирусот – омикрон, кој се заканува да стане доминантен во целиот свет. Речиси секој ден, научниците доаѓаат до нови сознанија, без разлика дали станува збор за тоа кој е поподложен на инфекција или некои невообичаени знаци на инфекцијата, како засипнатост…

Така, британските експерти обрнаа внимание на пет симптоми на инфекција со овој нов вид, кои може да се појават 48 часа по инфекцијата.

Во Велика Британија омикронот стана доминантен вид, а виролозите тврдат дека оваа нова мутација е побезбедна од претходната – делта сој, дека предизвикува поблага клиничка слика, а откриено е дека периодот на инкубација е многу пократок отколку кај другите варијанти на корона.

Според студијата спроведена од апликацијата „ZOE COVID Study“, само 48 часа по инфекцијата може да се појават овие пет знаци:

– суво, болно грло,

– главоболка,

– замор,

– течење на носот,

– кивавица.

Други симптоми поврзани со инфекција со овој вид, како што се губење на апетит и гадење, проблеми со меморијата, па дури и губење на чувството за вкус и мирис (што е поретко) се појавуваат нешто подоцна.

Експертите кои го спровеле ова истражување забележале и дека заразените со омикрон покажуваат знаци на болест многу слична на настинката, односно најчесто така ги опишувале. Иако клиничката слика на пациентите е обично поблага, експертите предупредуваат на следново:

„Иако корона инфекцијата со вирусот може да изгледа поблага, луѓето кои не биле вакцинирани или имаат слаб имунолошки систем се изложени на ризик од тешки компликации и хоспитализација на пациентите“, додаваат тие.

Можеби ќе ве интересира

Леукемијата е најподмолниот облик на рак – ова се првите симптоми на злобната болест

M T

Некои се долготрајни и не поминуваат толку брзо: Еве некои од симптомите кои се чувствуваат пред срцев удар

M T

Во Хрватска денеска почнува вакцинацијата против омикрон

M T

Дали сте под долгорочен притисок: Ова се симптомите на адреналински замор

M T

Откриени се ТРИ различни типови на долгорочен КОВИД, секој со свои симптоми

M T

Три симптоми кои укажуваат на висок лош холестерол

M T