8.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАЗДРАВЈЕ

Некои се долготрајни и не поминуваат толку брзо: Еве некои од симптомите кои се чувствуваат пред срцев удар

Срцевиот удар може да биде страшен, но ако ги научите знаците и чекорите што треба да ги преземете, можете да спасите животи, вклучително и вашиот.

Според експертите, повеќето луѓе кои доживеале срцев удар прво искусуваат некои од симптомите наведени подолу.

Болка во градите
Болката во градите е вообичаен знак за срцев удар. Тоа може да биде последица на блокиран или намален проток на крв во срцето, но и предупредувачки знак дека може да дојде до срцев удар. Кардиологот Џефри Чемберс објасни дека тоа е болка која може да се појави наеднаш, а потоа да исчезне. Ако болката стане постојана, веднаш побарајте лекарска помош. Ако чувствувате постојана болка во градите неколку дена, недели или месеци, малку е веројатно дека причината е срцев удар.

Замор
Невообичаениот замор може да биде уште еден знак за срцев удар, особено ако се појави со болка во градите. Околу две од три лица кои имаат срцев удар доживуваат болка во градите, отежнато дишење или замор во деновите или неделите пред нападот.

Краток здив
Краток здив може да биде знак за срцев удар, велат експертите. Често доаѓа со непријатност во градите, но може да се појави и пред тој симптом.

Болка во телото
За време на срцев удар, болката од центарот на градниот кош може да се прошири на грбот, вилицата или рацете. Понекогаш болката се чувствува во пределот на желудникот, што може да се помеша со проблем со варењето. Обично е појако, подолготрајно и не поминува со одмор или земање апчиња против болки.

Гадење
Необјаснето гадење и повраќање никогаш не треба да се игнорираат. Ако се будите облеани во ладна пот, со чувство на гадење и повраќање, тоа може да бидат симптоми на грип, но и на тивок срцев удар. Ако вашиот инстинкт ви кажува дека се работи за нешто сериозно, послушајте го и консултирајте се со лекар.

Можеби ќе ве интересира

Леукемијата е најподмолниот облик на рак – ова се првите симптоми на злобната болест

M T

Каков е вашиот НИЗОК притисок? Ако ја надминете ОВАА ВРЕДНОСТ, ризикувате да добиете срцев удар

M T

Дали сте под долгорочен притисок: Ова се симптомите на адреналински замор

M T

Бидете внимателни! Секој дополнителен сантиметар на половината го зголемува ризикот од срцев удар

M T

Откриени се ТРИ различни типови на долгорочен КОВИД, секој со свои симптоми

M T

Три симптоми кои укажуваат на висок лош холестерол

M T