14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Вучиќ за палењето на српското знаме во Тирана: Албанската држава реагираше сериозно и одговорно

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во врска со обидот за палење на српското знаме во Тирана изјави дека секогаш е недозволиво да се сквернават туѓи симболи, но дека албанската држава реагирала навремено, сериозно и одговорно, пренесуваат медиумите во регионот.

„Во некои земји секогаш е слично, но секако недозволиво е да се сквернават туѓи симболи и мислам дека албанската држава реагираше навремено, сериозно и одговорно, како и самиот премиер Рама“, рече Вучиќ.

Тој зборуваше пред продолжувањето на самитот во рамките на иницијативата „Отворен Балкан“, што ја започнаа лидерите на Србија, Албанија и Северна Македонија.

Албанскиот премиер Еди Рама реагираше на обидот за палење на српското знаме на вчерашниот протест во Тирана, нагласувајќи дека за време на неговата посета на Белград на плоштадите имало албански знамиња и дека полицијата ги уапсила тие што ги запалиле.

Стотици граѓани вчера демонстрираа во Тирана, на покана на поранешниот албански претседател и премиер Сали Бериша.

Албанските медиуми објавија дека група демонстранти го запалиле српското знаме. Тие известија дека имало уште неколку обиди за отстранување на српските знамиња, закачени во Тирана во знак на добредојде.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Вучиќ: Ни претстои најтешкиот период, можеби дури и потежок од деведесеттите години

M T

Брнабиќ: Поголеми притисоци врз Вучиќ и Србија немало никогаш

M T

Вучиќ му врачи орден на Орбан: „На големиот пријател на Србија“

M T

Вучиќ: Одговорната политика не може да почива на митови

M T

Вучиќ го пречека Ердоган: Воени почести, национална химна и црвен тепих

M T

Вучиќ: Економската иднина зависи од успехот на „Отворен Балкан“, можеме да го направиме тоа побрзо, посилно и подобро

M T