16.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Каква е состојбата на патиштата?

АМСМ СЛУЖБА ЗА ПОМОШ И ИНФОРМАЦИИ известува:

СОСТОЈБА НА ПАТИШТА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, пo наместа влажни коловози.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица од 01.04.2024 е пуштен за сообраќај за сите видови возила со вкупна тежина до 3.5 тони.

РАБОТИ НА ПАТ:

Известување за времена измена на режим на сообраќај на државен пат Р1101 на потег од Ново Лагово до Тополчани , заради започнување со градежни активности во врска со проект Коридор 8 и Автопат 10Д,патишта во Секција 4 км . Заради тоа од 01.04.2024 год. сообраќајот ќе се одвива според одобрен сообраќаен проект за времен режим на сообраќај.

Времена измена на режим на сообраќај има на регионалниот пат Р1101 делница Прилеп – Битола заради изведување на градежни активности во врска со проектот за санација на патот кај мост на река Шемница. Од 27.03.2024 ќе има целосно затворање на делницата.