14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay/Илустрација
СВЕТ

Швајцарски професор порачува: Невакцинираните треба да плаќаат поскапо осигурување

Мариус Брилхарт, професор по економија на Универзитетот во Лозана, смета дека невакцинираните пациенти во иднина самите треба да ги плаќаат трошоците за лекување или да земат соодветно осигурување.

„ Факт е дека невакцинираните луѓе имаат многу поголем ризик да стигнат до болница, а лекувањето е многу скапо“ објасни Брилхарт за швајцарскиот јавен сервис СРТ.

Тој нагласси дека секој што може да се вакцинира против коронавирусот, но одбива да го стори тоа, треба да земе дополнително осигурување.

Брилхарт проценува дека трошоците за престој во болница поради инфекцијата со Ковид-19 во Швајцарија се околу 30.000 франци.

„ Невакцинирањето е слободна и свесна одлука“ напиша Брилхарт на Твитер, додавајќи дека невакцинираните луѓе свесно преземаат поголем ризик.

Тој потсетува дека принципот во осигурувањето од несреќи е луѓето кои се занимаваат со ризични работи треба да платат повеќе.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Австрија од полноќ го укинува карантинот за невакцинираните: „Веќе нема смисла“

M T

Австрија го укинува карантинот за невакцинираните

M T

Невакцинираните жители на Квебек ќе плаќаат здравствен данок

M T

Австрија го продолжи карантинот за невакцинираните

M T

Филипинскиот претседател се закани со апсења на невакцинираните кои ќе излезат од карантин

M T

МЗ: 85% од хоспитализираните со Ковид 19 се невакцинирани

M T