15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+БИЗНИСИЗБОР

Донација на ОКТА по повод Светскиот ден за борба против гладта

Скопје, 12.11.2021 – Во рамки на одбележувањето на 40-годишниот јубилеј на организацијата на Црвениот крст во ОКТА, компанијата ја даде својата поддршка и активно се вклучи во кампања „Помислете на нас“ организирана по повод Светскиот ден на борбата против гладта. Кампањата која ја спроведува Црвениот Крст на град Скопје, претставува глобална акција која има за цел да ги поттикне општествено-одговорните субјекти да им помогнат на нашите сограѓани во социјален ризик. Со средствата кои ОКТА ги донираше на Црвениот Крст на град Скопје, се обезбедија и дистрибуираа прехранбени продукти за ранливата категорија на семејства во земјава.

„Хуманоста и волонтерството се вредности кои ја одликуваат компанијата уште од нејзините зачетоци. Оваа година одбележуваме 40 години од основањето на организацијата на Црвениот крст во ОКТА, што претставува навистина голем и значаен јубилеј за сите вработени, членови на Црвениот Крст, крводарители и сите поддржувачи на оваа организација, со еден збор на сите хумани луѓе во ОКТА. Нивното заедничко дејствување и учество во бројни крводарителски и добротворни акции, ја издвоија OKTA, како една од најдобрите општествено одговорни компании во земјава“, изјави Деан Стојковски, претседател на организацијата на Црвен Крст при ОКТА.

Компанијата заедно со своите вработени традиционално учествува во оваа хуманитарна кампања организирана по повод Светскиот ден на борбата против гладта. ОКТА е особено горда на својата организација на Црвен крст која активно делува во рамки на компанијата и во изминативе 40 години има организирано над 150 крводарителски акции, при што се донирани 17.250 крвни единици во здравствениот систем на земјава.

Спонзорирано: