11.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТИЗБОР

Австрија од полноќ го укинува карантинот за невакцинираните: „Веќе нема смисла“

Австриската влада денеска на полноќ го укинува карантинот за невакцинираните. Задолжителната вакцинација ќе започне од 4 февруари.

Ваквиопт потег владата го оправдува со моментално стабилниот број на пациенти во болниците.

„Омикрон нема толку големо влијание врз капацитетот на болниците како што се стравуваше“, рече владата. Експертите на комисијата „GECKO“, која беше формирана за борба против пандемијата, исто така рекоа дека заклучувањето повеќе нема смисла.

Канцеларот Карл Нехамер и министерот за здравство Волфганг Мукштајн најавија делумно олеснување на мерките дури и откако беше објавено дека во Австрија е соборен нов рекорден број новозаразени лица. Сепак, владата ја оценува состојбата во болниците и одделенијата за интензивна нега како опуштена.

Има уште неколку измени на мерките, а ова се најважните: На 31 јануари на полноќ завршува забраната за патување за невакцинираните. Кафулињата и рестораните се отворени до 22:00 часот. Правилото 2G продолжува да се применува во повеќето области (гастрономија, трговија). Од 1.2. пропишаниот минимален интервал помеѓу втората и третата вакцинација се намалува од 120 дена на 90 дена. Од 5 февруари, постојниот полициски час наместо од 22 часот ќе започне на полноќ. И рестораните и кафулињата ќе работат со негативен тест од 19 февруари, а не само со потврда за вакцинација или болест.

Австрија пред неколку дена воведе нови правила за влез во земјата, според кои некои земји веќе не ги квалификува како особено ризични поради омикрон, туку воведува нови правила кои важат за сите.

Сите оние кои примиле две дози и бустер доза од вакцината можат да влезат во Австрија без никакви ограничувања, под услов бустер дозата да важи веднаш од моментот на вакцинација. Оние кои примиле две дози од вакцината, но не и бустер, мора да имаат негативен ПЦР-тест. Оние кои примиле единечна доза „Џонсон и Џонсон“, исто така, мора да имаат негативен тест.

Негативен ПЦР тест е задолжителен за сите оние кои имале коронавирус. Оние кои не го прележале вирусот или не примиле две дози од вакцината, не можат да влезат во Австрија без задолжителен карантин, дури и ако имаат негативен ПЦР-тест.

Во Австрија од 4 февруари ќе почне задолжителната вакцинација.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Албанец осуден на доживотен затвор во Австрија, ја избодел сопругата до смрт бидејќи за појадок му послужила супа

M T

21 милион луѓе во карантин во југозападна Кина поради епидемијата на коронаирус

M T

Кина стави во карантин град со 21 милиони жители поради коронавирусот

M T

Претседателот на Австрија се лизнал додека се шетал во парк, добил помал потрес на мозокот

M T

Поради заразено шестгодишно дете Кинезите ја затворија „Икеа“ со се купувачите

M T

Од 1 август нови правила за влез во Австрија поради корона вирусот

M T