10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
КОРОНАВИРУССВЕТ

Филипинскиот претседател се закани со апсења на невакцинираните кои ќе излезат од карантин

Филипинскиот претседател Родриго Дутерте денеска изјави дека невакцинираните граѓани ќе бидат уапсени доколку не ги почитуваат мерките за задолжителна изолација.

„Доколку некое лице не ја почитува мерката задолжителна изолација, ако ја напушти својата куќа и оди во обиколка на заедницата, ќе биде задржано. Полицијата има овластување да апси непослушни лица“, рече Дутерте во телевизиско обраќање.

„Јас сум одговорен за безбедноста и благосостојбата на секој граѓанин на Филипините“, посочи претседателот, додавајќи дека секој кој не ја одобрува неговата политика може да поднесе тужба против него.

Според податоците од крајот на минатата година, целосно се вакцинирани 49,8 милиони луѓе или 45 отсто од вкупно 110 милиони жители на Филипините.

Бидејќи земјата бележи зголемен број случаи на инфекција со коронавирус, здравствените експерти предупредуваат дека е можно повторно да се создаде притисок врз здравствениот систем.

На Филипините, досега се потврдени 43 случаи на омикрон варијантата на коронавирус, што ја натера владата да ги заостри ограничувањата.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Апсења во Отава поради нелегални демонстрации

M T

Австрија од полноќ го укинува карантинот за невакцинираните: „Веќе нема смисла“

M T

Австрија го укинува карантинот за невакцинираните

M T

Невакцинираните жители на Квебек ќе плаќаат здравствен данок

M T

Австрија го продолжи карантинот за невакцинираните

M T

МЗ: 85% од хоспитализираните со Ковид 19 се невакцинирани

M T