17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСМАКЕДОНИЈАИЗБОРТОП ВЕСТИ

СДСМ: Вакцинирајте се, за заштита на своето и јавното здравје

Соопштение на СДСМ:

Нашата татковина се наоѓа во деликатна фаза со мутацијата на вирусот КОВИД-19.

Четвртиот бран на вирусот низ кој минуваме, но и антиваксерските лажни вести и дезинформациски кампањи укажуваат на потребата од точно информирање на јавноста за процесот на вакцинација.

За таа цел започна кампањата „За моментите на среќа – Вакцинирај се“.

Масовната имунизација е докажано најсигурен начин да ставиме крај на пандемијата, да го сочуваме јавното здравје, но и да им помогнеме на здравствените работници и здравствениот систем.

Сите вакцини го подигаат имунолошкиот систем и штитат од тешки форми на заболувања од вирусот, сите вакцини се еднакво безбедни по здравјето.

Граѓаните треба да покажат одговорност кон сопственото и колективното здравје и да ја искористат можноста да се вакцинираат на еден од вакциналните пунктови.

Истовремено, ВМРО-ДПМНЕ и нивниот лидер Христијан Мицкоски да ги повикаат граѓаните да се вакцинираат наместо да прават евалуација на кампањата и да поддржуваат протести против вакцинација.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ треба барем еднаш да покажат одговорност и да ги повикаат членовите на партијата и граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита.

Масовната вакцинација да продолжи што позасилено за да ставиме крај на пандемијата и конечно да се вратиме на нормалното функционирање на општеството.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Пецаков ги прекрши законите, го загрози јавното здравје и мора да одговара

M T

Ненад Коциќ: Вакцинирајте се, за моментите на среќа, за заштита на јавното здравје

M T

Белкиса Зеќири: Наместо да повика на вакцинација, Мицкоски поттикнува кршење на мерките и го загрозува здравствениот систем

M T