5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОРТОП ВЕСТИ

Белкиса Зеќири: Наместо да повика на вакцинација, Мицкоски поттикнува кршење на мерките и го загрозува здравствениот систем

Прес-конференција на Белкиса Зеќири, пратеничка на СДСМ:

Партијата на Христијан Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ, застана зад протестите кои го загрозуваат јавното здравје и се противат на масовната имунизација против коронавирусот.

Наместо да повикаат на масовна вакцинација како најбрз начин за надминување на пандемијата, Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ поттикнуваат и поддржуваат протести против мерките за заштита од коронавирусот.

За време на целата пандемија, Христијан Мицкоски ниту еднаш не повика на почитување на мерките за заштита, ниту еднаш не повика граѓаните да се вакцинираат, ниту еднаш не изрази поддршка за здравствените работници.

Во целиот свет, одговорните политичари кои што им мислат добро на граѓаните, поттикнуваат на масовна вакцинација, објавуваат фотографии од моментот на вакцинацијата токму заради тоа.

Само од Мицкоски нема такво нешто. Јавноста не знае дали е вакциниран

Ако има и минимум одговорност, Мицкоски треба да излезе и да повика на масовна вакцинација, да повика на почитување на мерките, наместо да поддржува протести со кои се наштетува на здравствениот систем и се напаѓаат здравствени работници.

Апелираме до граѓаните да не наседнуваат на дезинформациите и деструкциите на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ кои се на штета на јавното здравје.

Ги повикуваме сите граѓани кои досега не се вакцинирале да го сторат тоа побрзо во најблискиот вакцинален пункт и да го направат најдобриот можен чекор за да го заштитат своето и јавното здравје.

Со што повеќе вакцинирани, до помалку хоспитализирани и помалку рестрикции. Само на тој начин ќе ставиме крај на пандемијата со коронавирусот.

Можеби ќе ве интересира

Масовни протести поради економската криза во Аргентина

M T

Пекинг воведе задолжителна вакцинација против ковид – Кој сака во градот мора да се вакцинира

M T

СДСМ: Протестите не се против францускиот предлог туку неуспешен обид за рушење на Владата

M T

Почнува вакцинација со четврта доза против Ковид-19

M T

СДСМ: Најмалку четворица полицајци се повредени на вчерашните протести

M T

СЗО за мајмунските сипаници: Нема да биде потребна масовна вакцинација

M T