11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Најмалку 12 лица загинаа во експлозија во илегален рудник во Колумбија

Најмалку 12 лица загинаа, а едно е повредено во експлозија во илегален рудник за јаглен во Колумбија, соопшти Националната рударска агенција.

Експлозијата била предизвикана од мешавина од метан и јаглен во прав, наведува агенцијата и додава дека рудникот нема дозвола за вадење јаглен.

Околу 60 проценти од несреќите во рудниците се случуваат во илегални рудници, објави националната агенција.

Во таа земја минатата година загинаа 171 рудар. Колумбија произведе 48,4 милиони тони јаглен во 2020 година и е петтиот најголем производител на јаглен во светот.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Експлозија во близина на руската амбасада во Кабул, има повредени

M T

Во експлозија во џамија во Кабул загинаа 21 лице

M T

Голема експлозија на Крим

M T

ДАЛИ ГО ИСКЛУЧУВАТЕ БОЈЛЕРОТ ДОДЕКА СЕ КАПИТЕ ИЛИ НЕ? Сите грешиме и го РИЗИКУВАМЕ ЖИВОТОТ, а електричар откри што е ИСПРАВНО

M T

Прекинато снимањето на филмот на Хали Бери поради ризик од експлозија

M T

Украина: Силна експлозија одекна во центарот на Мелитопол

M T