8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Во Израел од денеска т.н. „зелена карта“, ќе се употребува речиси во сите области од јавниот живот

Во Израел стапи на сила одредбата за да се покаже т.н „зелена пропусница“ за речиси сите области од јавниот живот поради масовното зголемување на инфекциите со коронавирус.

Секој на возраст над 3 години мора да докаже дека е вакциниран, дека прележал Ковид-19 или дека е негативен на коронавирус ако сака да присуствува на спортски или културни настани, во спортски сали, музеи, ресторани, универзитети и конференции.

Во верските објекти, исклучокот важи за најмногу 50 луѓе.

Децата до 12 години може да се тестираат бесплатно. Секој над 12-годишна возраст мора сам да плати за тестовите.

Со овие мерки израелската влада се обидува да спречи можно затворање за време на еврејските празници во септември.

Во вторникот вечерта Министерството за здравство објави 8.726 нови случаи на инфекција со коронавирус, највисоки бројки по повеќе од половина година.

Сепак, повеќе од 58 проценти од приближно 9,4 милиони жители на Израел се целосно вакцинирани. Според властите, повеќе од милион жители веќе ја добиле третата, дополнителна доза од вакцината против коронавирус.

Можеби ќе ве интересира

Златни монети скриени во VII век пронајдени во ѕид во Израел

M T

Лидерите на Турција и Израел се сретнаа првпат од 2008 година

M T

Археолози во Израел откриле луксузен имот стар 1.200 години

M T

Премиерот на Израел се повлекува од политиката

M T

Сирија тврди: Израел нападна цели јужно од Дамаск, повредено е едно лице

M T

Иран: Ќе го нападнеме срцето на Израел во случај на најмал потег против Исламската Република

M T