7.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Златни монети скриени во VII век пронајдени во ѕид во Израел

Археолозите во Израел објавија дека во природен резерват биле пронајдени 44 чисто златни монети кои датираат од VII век. Тие беа скриени во еден ѕид.

Во близина на потокот Хермон (Баниас) е пронајдена амбалажа тешка околу 170 g, а експертите проценуваат дека некој ја сокрил за време на муслиманското освојување на областа во 635 година.

„Можеме да замислиме како сопственикот го крие своето богатство поради претстојната војна со надеж дека еден ден ќе се врати по својот имот“, изјави Јоав Лерер, раководител на ископувањето.

Освен златници, археолозите откриле остатоци од згради, канали и цевки, бронзени монети и друго во областа на античката населба, соопштија израелските власти.

Баниас има посебно место во христијанската традиција бидејќи тоа е областа каде што Исус наводно му рекол на апостол Петар дека „ќе ја изгради својата црква на карпа“.

Можеби ќе ве интересира

Лидерите на Турција и Израел се сретнаа првпат од 2008 година

M T

Пронајдени стари монети, приведено едно лице на Граничен премин Табановце

M T

Археолози во Израел откриле луксузен имот стар 1.200 години

M T

Премиерот на Израел се повлекува од политиката

M T

Сирија тврди: Израел нападна цели јужно од Дамаск, повредено е едно лице

M T

Иран: Ќе го нападнеме срцето на Израел во случај на најмал потег против Исламската Република

M T