5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТИЗБОР

СЗО бара 11,5 милијарди долари за борба против делта-сојот

Светската здравствена организација бара 11,5 милијарди долари во итни средства за борба против повеќе заразниот делта-сој од коронавирусот.

Голем дел од парите што се бараат од партнерите на СЗО се потребни за купување тестови, кислород и маски за лице за посиромашните земји, според документот, кој се очекува да биде објавен оваа недела.

Како што е соопштено, извештајот, кој се уште може да се промени, ги прикажува резултатите и финансиските потреби на програмата ACT за поддршка на вакцините, третманот и дијагнозата на Ковид-19 ширум светот.

Програмата, која беше воспоставена на почетокот на пандемијата, се уште е недоволно финансирана, а нејзините координатори стравуваат дека ќе остане таква, изјавил неименуван претставник на ACT.

Како резултат на тоа, СЗО намали скоро 5 милијарди долари во вкупните барања за дополнителни средства, покажува документот, а сепак ѝ се потребни 16,8 милијарди долари, речиси онолку колку што досега се собрани. Итно се потребни 7,7 милијарди долари.

Во документот, исто така, се бараат дополнителни 3,8 милијарди долари, така што следната година ќе може да се испорачаат 760 милиони дози вакцина против Ковид-19.

Можеби ќе ве интересира

Трпевска: Со добро менаџирање на средствата, училишните раководства можат да обезбедуваат подобри услови за настава

M T

СЗО: Повеќе од 35.000 случаи на мајмунски сипаници во светот

M T

СЗО со предупредување: Регистрирани се повеќе од 18.000 случаи на мајмунски сипаници во 78 земји

M T

Раководителот на СЗО за Европа: Забрзајте ја вакцинацијата и воведете маски

M T

ЕУ е подготвена да одмрзне дел од средствата на руските банки

M T

СЗО: Oчекуваме висока бројка на заразени со коронавирус во текот на летото во Европа

M T