17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Илјадници луѓе излегоа на протест во Австралија поради карантинот

Илјадници луѓе се собраа денес во Сиднеј и другите австралиски градови во знак на протест против воведените рестриктивни мерки поради зголемувањето на бројот на нови случаи.

Полицијата уапси неколку лица, додека демонстрантите ги пробија барикадите и фрлаа со полистични шишиња и други предмети врз полицајците, пренесува АП.

Во Сиднеј, демонстрантите без маски на лицата одеа од паркот Викторија до градското собрание во центарот, носејќи пароли на кои пишуваше „Слобода“ и „Вистина“.

Забележливо е големото присуство на полицијата и припадниците на специјалните единици, бидејќи надлежните велат дека станува збор за незаконски протестни активности.

Полицијата во Нов Јужен Велс соопшти дека го признава и поддржува правото на слобода на говор и мирно собирање, но оти протестот ги крши прописите за јавно здравје.

Во последните 24 часа, во оваа земја повторно се регистрирани рекордни 163 нови случаи на коронавирус.

Воведени се нови ограничувачки мерки на пошироката територија на Сиднеј и траат веќе четири недели.

Протести имаше и во Мелбурн, каде илјадници демонстранти извикуваа „Слобода“.

Можеби ќе ве интересира

Австралија ја смени одлуката – Ерусалим не е главен град на Израел

M T

21 милион луѓе во карантин во југозападна Кина поради епидемијата на коронаирус

M T

Кина стави во карантин град со 21 милиони жители поради коронавирусот

M T

Историска заплена на метамфетамин во Австралија, во вредност од 1,1 милијарда долари

M T

Поради заразено шестгодишно дете Кинезите ја затворија „Икеа“ со се купувачите

M T

47 полициски службеници се повредени во протестот на подрачјето на СВР Скопје

M T