17.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
КОРОНАВИРУССВЕТ

21 милион луѓе во карантин во југозападна Кина поради епидемијата на коронаирус

Околу 21 милион луѓе во кинескиот град Ченгду се во карантин поради новата епидемија на коронавирус.

Во Кина се’ уште е на сила политиката на нулта ковид, па властите го потиснуваат ширењето на вирусот со воведување долгорочни карантини и масовни тестирања.

Ченгду, град во југозападна Кина, е последниот град кој објави карантин. Во официјалното соопштение, градските власти соопштија дека жителите мора да останат дома бидејќи „борбата против новиот бран зарази продолжува“.

Ченгду вчера забележа 157 новозаразени, од кои 51 лице не покажале никакви симптоми, соопштија градските власти.

Се повикуваат жителите да не го напуштаат градот.

На секое домаќинство ќе му биде дозволено да испраќа по едно лице дневно да купува намирници и основни потреби, под услов тестот да биде негативен во претходните 24 часа, се вели во известувањето.

Се вели дека сите жители ќе бидат тестирани за вирусот меѓу четврток и недела и властите ги повикаа да не го напуштаат градот освен ако тоа не е „апсолутно неопходно“.

„Моменталната состојба на контрола на епидемијата е сложена и мрачна. Целта на мерките е да се запре ширењето на епидемијата и да се гарантира здравјето на сите граѓани“, се наведува во соопштението.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Британското разузнавање: Кина ги мами нашите поранешни пилоти во својата армија, нуди големи пари

M T

Кина ги предупреди САД: Можна е нуклеарна војна, сите европски земји ќе треперат

M T

Пожар зафатил 10 ката од зграда висока 218 метри во Кина

M T

Прв случај на мајмунски сипаници во Кина

M T

Тајфунот Муифа ја погоди Кина, повеќе од милион евакуирани

M T

Бројот на загинати во земјотресот во Кина се искачил на над 80 лица

M T