20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Две ракети испалени кон Израел

Две ракети лансирани од Либан рано утрово го вклучија алармот во северниот дел на Израел.

Израелската армија објави дека одговорила на нападот со артилериски оган. Другите агенции јавуваат дека никој не е повреден, ниту е направена материјална штета.

Едната ракета била соборена од систем за противвоздушна одбрана, а другата паднала на ненаселена област.

Израел водеше војна во 2006 година против Хезболах, кој има упориште во јужен Либан, а во својот арсенал има напредни ракети, додава британската агенција.

По војната меѓу Израел и Хезболах пред 15 години, границата е претежно мирна.

Помалите палестински фракции во Либан спорадично отвораат оган кон Израел.

Можеби ќе ве интересира

Златни монети скриени во VII век пронајдени во ѕид во Израел

M T

Лидерите на Турција и Израел се сретнаа првпат од 2008 година

M T

Археолози во Израел откриле луксузен имот стар 1.200 години

M T

Северна Кореја лансираше две крстосувачки ракети

M T

Премиерот на Израел се повлекува од политиката

M T

Сирија тврди: Израел нападна цели јужно од Дамаск, повредено е едно лице

M T