10.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Поплави во Хрватска, оштетени десетици куќи

Силниот дожд кој падна синоќа во областа на градот Жупања им создаде големи проблеми на жителите на овој вуковарско-сремски град. Водата продре во повеќе куќи, но поплави и делови од градските патишта.

Скоро целиот град е поплавен. Бројни дворови и автомобили се под вода. Сите расположиви сили на Јавното комунално претпријатие од Жупања и комуналното претпријатие Комуналац се на терен, обидувајќи се да ја испумпаат водата од куќите.

Началникот на Генералштабот на цивилната заштита на градот Жупања, Младен Доган, изјави дека има проблеми во сите делови на градот.

Ситуацијата во градот Нашице, каде невремето проследено со силен дожд вчера попладне предизвика поплави, во моментов е добра и водата се повлекува, објавија претставниците на окружниот штаб за цивилна заштита.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Поплави во Италија: Најмалку седум загинати, исчезна мало дете кое мајката не успеала да го задржи во раце

M T

Жена и две мали деца загинаа во железничка несреќа во Хрватска

M T

Во Хрватска денеска почнува вакцинацијата против омикрон

M T

Австралиските власти со предупредување до граѓаните – Да се подготват за нови поплави

M T

Поплавите во Пакистан однесоа 1.138 животи

M T

Земјотрес во Херцеговина, почувствуван и во Хрватска

M T