6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Нивото на Дунав во Словачка може да се зголеми за 2,5 метри

Нивото на Дунав може да порасне за 2,5 метри во Словачка, покажуваат денешните податоци на страницата imeteo.sk, која го следи водостојот на реките.

Се наведува дека бранот од Германија и Австрија, кој ги предизвика поплавите, може да се одрази и на Братислава.

Словачкиот хидрометеоролошки институт (SHMU) издаде предупредување за можни силни бури низ Словачка, каде може да падне голема количина дожд.

„Како резултат на обилните дождови што паднаа претходните денови во Германија и Австрија долж Дунав, очекуваме значително зголемување на водостојот во словачкиот тек на Дунав“, изјавија метеоролозите.

Нивото на Дунав во недела во 14.30 часот достигнало 526 сантиметри во предградието на Братислава, Девин и 565 сантиметри во Братислава.

SHMU очекува кулминацијата да биде утре наутро.

„Според нашите проценки, нивото на водата во Девин може да достигне 700 сантиметри, а 740 во главниот град“, соопштиле од SHMU додавајќи дека постепеното опаѓање на нивото на Дунав веројатно ќе започне попладне во понеделник.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Петровска-Брнз: Соработката помеѓу САД и Северна Македонија на највисоко ниво, заеднички го менуваме ликот на Армијата

M T

Двајца загинати во несреќа на Дунав кај Белград

M T

Словачка се извини за присилната повеќедецениска стерилизација на жените Ромки во земјата

M T

И Словачка воведува заклучување за невакцинираните

M T

Драма во Словачка: парламентот е затворен поради закана од бомба

M T

Тие имаат свој метод против коронавирусот – за еден дент тестирале повеќе од 1,2 милиони луѓе

CENTAR MKD