14.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Двајца загинати во несреќа на Дунав кај Белград

Синоќа околу 21:30 часот на Дунав во белградската населба Гроцка се случила несреќа во која две лица загинале, а три се повредени.

Медиумите прво објавија дека глисерот со кој управувал И.Ј. изгубил контрола и удрил во шлеп. Но, по истрагата било утврдено дека пловилото немало контакт со шлеп, туку дека удрил во нешто друго.

„Телата на загинатите се извлечени од Дунав и испратени на обдукција. Потоа ќе се утврди дали возачот во моментот на несреќата бил под дејство на алкохол или опијати. Ќе се разговара и со тројцата повредени кои се во болница“, изјавил близок извор.

Според првичните информации, маж и жена загинале на местото на настанот, а три лица се тешко повредени. Од РТС наведуваат дека повредените се пренесени во ВМА, а според Ранко Раичевиќ тие се надвор од животна опасност. На глисерот имало пет лица.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Шест лица загинаа во хеликоптерска несреќа во Индија

M T

Скопјанка загина во тешка сообраќајна несреќа во Чаир

M T

Жена и две мали деца загинаа во железничка несреќа во Хрватска

M T

Путин: Го бомбардираа Белград без да се грижат за меѓународното право

M T

Маричиќ од Белград: Нови проекти и Меморандум за соработка со Србија

M T

Две од децата повредени во несреќата во Бугарија ќе бидат пренесени во Софија

M T