8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Откопан третиот најголем дијамант во светот

Рударската компанија „Дебсвана“ објави дека откопала дијамант од 1.098 карати во Боцвана.

Компанијата му го покажа дијамантот откопан на 1 јуни на претседателот на Боцвана, Моквитси Масиси, во главниот град Габороне, објави „Гардијан“.

„Се верува дека ова е трет по големина дијамант во светот“, рече директорката на „Дебсвана“, Линет Армстронг.

„Дебсвана“ е рударска компанија со седиште во Боцвана и еден од водечките светски производители на дијаманти.

„Дебсвана“ управува со четири рудници за дијаманти во Боцвана, како и рудник за јаглен.

„Овој редок и извонреден камен значи многу во контекст на дијамантите од Боцвана. Дава надеж за нацијата која постојано се бори“, изјави Армстронг.

Ова воедно е и најголемиот скапоцен камен откриен во историјата на оваа компанија, во заеднички проект на владата и глобалната групација „Де Берс“, која е меѓународна корпорација специјализирана за вадење, експлоатација и трговија со дијаманти.

Најголемиот дијамант откриен досега има 3.106 карати и е пронајден во Јужна Африка во 1905 година, а вториот бил 1.109, откриен во североисточна Боцвана во 2015 година.

Можеби ќе ве интересира

Експлозија во рудник во Србија, има загинати и повредени

M T

Спасувач пронајден жив во рудникот во Сибир

M T

Експлозија во рудник во Сибир – Најмалку 11 загинати и 49 заробени во внатрешноста

M T

Човечки остатоци пронајдени кај рудник за јаглен на Нов Зеланд, 11 години по несреќата

M T

Најмалку 12 лица загинаа во експлозија во илегален рудник во Колумбија

M T

САСА ќе продолжи да вложува над 300.000 долари годишно во развојот на заедницата

M T