15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Човечки остатоци пронајдени кај рудник за јаглен на Нов Зеланд, 11 години по несреќата

Остатоците од некои од рударите кои загинаа во рудникот за јаглен во реката Пајк на Нов Зеланд се пронајдени повеќе од една деценија по серијата експлозии, што е една од најтешките рударски несреќи во таа земја.

Кога метанот предизвика серија експлозии во ноември 2010 година, во рудникот беа затрупани 29 работници, од кои 24 државјани на Нов Зеланд, двајца Австралијци, двајца државјани на Велика Британија и еден државјанин на Јужна Африка.

Нивните тела никогаш не биле пронајдени, а двајца рудари успеале да побегнат.

Денеска, на само два дена пред 11-годишнината од трагедијата, полицијата соопшти дека се пронајдени човечки останки, но дека се наоѓаат во најоддалечените делови на затворениот рудник и дека не може да се извлечат.

Детективот Питер Рид изјави дека при длабокото дупчење во рудникот се направени фотографии кои потврдуваат дека на тоа место има две тела, со можност да има и трето.

„Иако не сме во можност да ги идентификуваме останките, работиме со форензички експерти за да видиме што може да се направи доколку нивниот идентитет биде потврден“, рече Рид.

Рудникот е затворен со години, а влезот е забранет од безбедносни причини.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Експлозија во рудник во Србија, има загинати и повредени

M T

Трагедија во Ајова – момче во торнадо ги загуби таткото, братот, сестрата и бабата – мајката се бори за живот

M T

Воен офицер убиен од елен – Трагедија во претседателската резиденција во Парагвај

M T

Во Австрија, двегодишно момче излегло од куќата во студената ноќ и било пронајдено починато

M T

Трагедија на Мадагаскар – потона товарен брод, најмалку 64 лица загинаа

M T

Спасувач пронајден жив во рудникот во Сибир

M T