23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Експлозија во рудник во Србија, има загинати и повредени

Најмалку осум рудари загинаа а 20 се повредени во експлозија во рудникот „Соко“ кај Сокобања.

Како што пренесуваат српските медиуми, во раните утрински часови се случила експлозија на метан, по што се урнал дел од јамата, а рударите останаа заробени внатре.

„ Осум рудари загинаа, а 20 се повредени“ изјави директорот на Здравствениот дом Алексинац, Родобљуб Живадиновиќ.

Медиумите најавуваат и дека се спасени 58 рудари.

Живадиновиќ изјави дека повеќето од нив се полесно повредени.

„ Неколку околни центри ги испратија сите свои екипи што можеа, дел од повредените се транспортираат во Општата болница Алексинац“, додаде Живадиновиќ.

Тој наведува дека нема информации уште колку рудари се заробени.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Експлозија во близина на руската амбасада во Кабул, има повредени

M T

Во експлозија во џамија во Кабул загинаа 21 лице

M T

Голема експлозија на Крим

M T

ДАЛИ ГО ИСКЛУЧУВАТЕ БОЈЛЕРОТ ДОДЕКА СЕ КАПИТЕ ИЛИ НЕ? Сите грешиме и го РИЗИКУВАМЕ ЖИВОТОТ, а електричар откри што е ИСПРАВНО

M T

Прекинато снимањето на филмот на Хали Бери поради ризик од експлозија

M T

Украина: Силна експлозија одекна во центарот на Мелитопол

M T