12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
КОРОНАВИРУСТЕМАМАКЕДОНИЈА

Се поголем број на заразени во земјава – пресметано колку изнесува лекувањето по човек

Бројот на новозаразени лица од коронавирус во Македонија е се поголем, а вчера Министерството за здравство информираше дека во изминатите 24 часа биле регистрирани нови 978 случаи на вирусот, 26 лица почина што е најголем број досега.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 39760, бројката на оздравени пациенти е 23035, на починати е 1136, а бројот на активни случаи изнесува 15589.

Вкупно хоспитализирани во земјава се 973 лица, од кои четворица се на респиратор, а 134 на кислородна поддршка.

Многу поголем е пак бројот на тие што се лекуваат дома.

Според пресметките на еМагазин во консултација со матични лекари, имајќи предвид од кој производител се витамините кои се користат за лекување, дали антибиотиците се купуваат фондовски или приватно, каде е направен тестот за Ковид-19, колку време трае терапијата…, еден граѓанин борбата со вирусот во домашни услови би го чинела од 6.000 до 10.000 денари.

Оваа е сума само за едно лице, а во многу случаи како што се покажа кај нас од вирусот се заразува цело семејство, па трошоците за лекување би биле многу повисоки.

Состојбата со Ковид-19 е критична, а болниците веќе ги полнат сите капацитети, порача вчера министерот за здравство Венко Филипче, апелирајќи до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирусот.

Можеби ќе ве интересира

Нови 75 позитивни на коронавирус, пријавени се 2 починати лица

M T

Објавени нови истражувања за потеклото на коронавирусот

M T

Бајден се уште закрепнува од коронавирусот, вели дека се чувствува добро

M T

СЗО: Oчекуваме висока бројка на заразени со коронавирус во текот на летото во Европа

M T

По коронавирусот, цревна болест се појавила во Северна Кореја

M T

ФДА: Вакцината против коронавирус безбедна за деца од шест месеци

M T