6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

ВМРО ДПМНЕ на најцрниот ден во пандемијата најави протестен марш

ВМРО-ДПМНЕ за вечерва најави нов протестен марш во центарот на Скопје, но овој пат на друга рута – до Министерството за информатичко општество и администрација и на поинаква тема – против реваншизам и терор врз граѓаните и политичките неистомисленици, пишува Курир.мк.

Собирно место за протестниот марш, што ќе почне во 18.30 часот, повторно е Министерствто за правда.

Според ВМРО ДПМНЕ, Македонија е заробена држава од страна на мафијата на власт, а главна одлика на власта се реваншизмот и теророт врз сите граѓани, нивни неистомисленици.

– Оваа ненародна власт зема од лебот на народот, за да стави во сопствениот џеб. Стотици луѓе низ цела држава, кои не се истомисленици со Зоран Заев и неговите луѓе се тероризираат и се преместуваат на работни и по повеќе од 50 километри од нивното место на живеење. Оние кои не можат да ги скршат ги бркаат од работа, и оставаат цели семејства со 3 и 4 деца без леб. Тоталитаризмот на оваа власт го зема својот данок. СДСМ нема проблем да отпушти самохрана мајка од работа, а уште помалку да врши мобинг на работно место. Додека народот нема опција за преживување, тие купуваат луксузни вили на Халкидики. За Заев школки, за народот трошки – Ова е суровата реалност со СДСМ и Заев. Заради целиот терор и реваншизам, за секој избркан од работа, за секое семејство оставено без леб, се вели во соопштението.

 

Протест за време на најцрниот ден на пандемијата

Денеска беше обележан најцрниот ден во пандемијата од коронавирус, со што беа регистрирани дури 386 новозаразени од коронавирус, а во болнички услови починаа 6 лица.

Според препораките во изминатиот период, собирите на поголеми групи граѓани, се опасни за здравјето на граѓаните, поради лесната преносливост на коронавирусот.

Останува непознато зошто опозициската ВМРО ДПМНЕ оддржува вакви собири, во моменти кога Македонија, регионот и Европа бележат црни биланси од почетокот на есенскиот бран на коронавирус.

Ј.С.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Осми ден ВМРО тендерска ДПМНЕ молчи за Мицкоски и тендерот од 136 милиони евра

M T

СДСМ: Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ се „грижат“ за граѓаните со поскапување на комуналните услуги

M T

47 полициски службеници се повредени во протестот на подрачјето на СВР Скопје

M T

СДСМ: Нервоза во ВМРО-ДПМНЕ, со деструкции во Собрание не се брани криминал

M T

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ одработува за странски интереси кои не ѝ мислат добро на државата

M T

СДСМ: Има правда, време е парите што ВМРО-ДПМНЕ ги крадела да се вратат кај граѓаните

M T