Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ одработува за странски интереси кои не ѝ мислат добро на државата

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски со крајно неодговорно однесување нанесуваат штета на државните позиции и националните интереси. Очигледно Мицкоски жестоко одбработува за туѓи, странски интереси, кои не ѝ мислат добро на нашата земја, диригирани од анти ЕУ и анти НАТО центри на моќ, велат од партијата на власт.

„Изминатиот период јавноста е сведок на хистерично ширење на невистини поврзани со отворените прашања со соседна Бугарија и т.н. француски предлог, кој се уште не е усогласен на ниво на сите членки на ЕУ и формално не е доставен до нашите институции. Се пласираат невистини за наводна бугаризација, за промена на македонскиот јазик, за македонскиот идентитет, па дури се споменува и наводна цензура. Каков и да биде конечниот усогласен текст на францускиот предлог, за истиот да биде прифатлив за нас, клучни се неколку елементи и тоа чиста формулација за македонскиот јазик во преговарачката рамка и јасна заштита на македонскиот идентитет“, се потенцира во соопштението од страна на СДСМ.

Историските прашања, додаваат од таму, не можат да бидат критериуми во преговарачката рамка, преговорите помеѓу Северна Македонија и ЕУ мора да почнат пред отпочнувањето на постапката за уставните измени за вклучување на Бугарите, Хрватите и Црногорците во преамбулата на Уставот, цврсти гаранции и од Бугарија и од Европската Унија дека Бугарија нема да условува со нови барања, а секое решение ќе биде консултирано со институциите на Република Северна Македонија, појаснуваат од владејачката партија.

„Јавноста гледа дека во ВМРО-ДПМНЕ ништо не се менува. Наштетуваат со ширење невистини, дезинформации и манипулации, заради лични и партиски интереси“, е нагласено во писмениот допис од страна на СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Мециновиќ: Државата од криза во криза не учи, а граѓаните ја плаќаат цената

ДЕСК

Билатерални средби на претседателот Гаши на маргините на 152. Собрание на ИПУ во Истанбул

ДЕСК

Филков се сретна со граѓански организации за реформите во изборното законодавство

ДЕСК