14.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Пакетот мерки на владата е наменет дури за септември, или владата се спрема тогаш за избори или ќе кршат закон и сега ќе прават поткуп на граѓаните

Ако го анализираме она што денеска беше кажано од страна на техничкиот премиер, Оливер Спасовски, можеме да дојдеме до заклучок дека денеска тој септември го проектираше како месец коога треба да се одржат изборите, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ за Канал 5 телевизија.

„Имајќи го предвид фактот дека на 30 мај завршува вонредната состојба, од 31 мај па во следните 60 дена ако имаат намера како што велат да ги одржуваат изборите во месец јуни стапува на сила Членот 8 а, од Изборниот законик кога вонредни плаќања кои не се предвидени со планот, не можат да се случуваат односно во тој случај практично собираат сите вонредни плаќања или тој кој ќе стави потпис на таква одлука автоматски прави кривично дело кое што Изборниот законик го третира како поткуп. Оттука го вадам заклучокот дека или денеска Спасовски го постави месец септември како можен месец за избори, или пак се лицемерни пред граѓаните ветуваат нешто што не можат да исполнат.“ истакна Мицкоски.

Според Мицкоски доколку се погледнат останатите два столба ќе се види дека периодот на реализација е септември-декември, што значи дека во моментот ниту имаат јасен план, ниту, знаат ниту имаат намера да го испорачаат ветеното.

Мицкоски посочи дека овие пари ги немаат туку, ова се пари со кои треба да бидат задолжени нашите деца, внуци за да Зоран Заев и ова раководство на СДСМ се обиде да прави поткуп.

Во врска со лидерската средба Мицкоски кажа дека очекува разум, трезвеност и свесност за реалната ситуација. Потенцирајќи дека само за една недела од последната лидерска средба до денес имаме 170 нови заболени и десетина луѓе кои ги загубија животите.

– Така што работите не само што не одат во позитивна насока, туку одат во спротивна, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за Канал 5 телевизија.

„Очекувам да ги слушнам одговорите на алгоритамот кој што го усвоивме во минатиот состанок, а тоа се одговорите од комисијата за заразни болести, да видиме од седиштето на ОБСЕ и ОДИХР, и што мисли ДИК и на тој начин да го утврдиме првиот можен датум кога би можеле да се случат овие избори.“ потенцираше Мицкоски.

Тој истакна дека очекува политичките партии да, се позиционираат со одредени датуми кога цениме дека здравјето на граѓаните најмалку ќе биде загрозено или недај Боже, да имаме еден човечки живот загубено.

Во однос на рестриктивноста на мерките тој посочи дека ако се погледне целата ситуација сега и за време на воведување на мерките нема да се воочи некоја посебна разлика.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Осми ден ВМРО тендерска ДПМНЕ молчи за Мицкоски и тендерот од 136 милиони евра

M T

СДСМ: Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ се „грижат“ за граѓаните со поскапување на комуналните услуги

M T

СДСМ: Нервоза во ВМРО-ДПМНЕ, со деструкции во Собрание не се брани криминал

M T

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ одработува за странски интереси кои не ѝ мислат добро на државата

M T

СДСМ: Има правда, време е парите што ВМРО-ДПМНЕ ги крадела да се вратат кај граѓаните

M T

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да ги продаде плочките од 100.000 евра од Белиот дворец и парите да ги врати кај граѓаните

M T