8.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАМАКЕДОНИЈА

Филипче: Патник на скопскиот аеродром се тестира за коронавирус, изолирани патници кои седеле околу него

Министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференција информира за состојбата со коронавирусот.

-Денеска на седницата Владата утврди дека ќе се воведе кризна состојба во општините Дебар и Центар Жупа. Пациентите се стабилни, освен пациентката од Дебар, која има дополнително влошување на состојбата и е на граница за ставање на апарат за механичка вентилација.

Денес од Дебар дојдоа уште 10 лица кои се во врска со втората група на хоспитализирани пациенти, кои покажале знаци за горно распираторно заболување. Четири се позитивни.

Одлука за ограничување на движење на луѓето во овие општини, во и надвор од истите. Во следните 24 часа закажавме седница на комисијата за заразни болести за да се разработи оперативен план, детали како ќе се функционира на овие места.

Еден патник е стигнат на скопскиот аеродром, нашинец од Германија, регистриран со лесно покачена температура, тој е изолиран и дел од луѓето кои седеле околу него. По пристигање на резултатите ќе инфорираме за неговата состојба и што ќе се преземе понатаму.

Целосно се почитува забраната за влез на странски државјани од земјите со висок ризик, рече Филипче.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Нови 75 позитивни на коронавирус, пријавени се 2 починати лица

M T

Објавени нови истражувања за потеклото на коронавирусот

M T

Бајден се уште закрепнува од коронавирусот, вели дека се чувствува добро

M T

СЗО: Oчекуваме висока бројка на заразени со коронавирус во текот на летото во Европа

M T

По коронавирусот, цревна болест се појавила во Северна Кореја

M T

ФДА: Вакцината против коронавирус безбедна за деца од шест месеци

M T