24.8 C
Скопје
30. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Иран негира поврзаност со нападот на Ружди

Иран категорично отфрла каква било врска со нападот врз Салман Ружди, британскиот писател и автор на „Сатански стихови“, кој во петокот повеќепати беше прободен со нож на конференција во САД.

Семејството на Ружди вчера изјави дека чувствува големо олеснување затоа што тој е тргнат од респиратор, додавајќи дека и понатаму неговата состојба е критична, иако веќе можел да изговори неколку зборови.

Британецот со потекло од Индија, чиј роман „Сатански стихови“ доведе до смртни закани од Иран во 1980-те години, во петокот требаше да одржи предавање во државата Њујорк. Тој се здоби со неколку убодни рани во пределот на вратот и стомакот. Неговиот напаѓач е уапсен и се изјасни за невин.

„Категорично негираме каква било врска меѓу агресорот и Иран и никој нема право да ја обвинува Исламската Република Иран“, рече Насер Канани, портпарол на Министерството за надворешни работи, во првата официјална реакција на Техеран на нападот врз Ружди.

Во 1989 година во Иран е издадена фатва – повик кон сите муслимани да го убијат Ружди и сите оние поврзани со издавањето на „Сатански стихови“. Иранската влада ја укина фатвата во 1998 година, па Ружди живееше релативно мирно во последните години.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

ЕУ воведе санкции кон Иран

M T

Сирени утрово во Киев – Нов напад на Запорожје

M T

Путин: Работата на стратешкиот договор со Иран е во завршна фаза

M T

Иран збогатил ураниум блиску до нивото на нуклеарна бомба

M T

Американка загина во напад на ајкула

M T

Песков: Нападот врз руската амбасада во Кабул е терористички чин

M T