4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Пијан полицаец заспал на улица и изгубил документи со податоци за 400 луѓе

Јапонски полицаец во пијана состојба, заспал на улица и изгубил истражни документи со лични податоци на околу 400 луѓе.

49-годишен полицаец, по потекло од западна Јапонија, ја изгубил торбата со документите во петокот доцна навечер, соопшти локалната полиција, додавајќи дека документите содржеле имиња и адреси на лица против кои се води кривична истрага.

Јапонските медиуми, повикувајќи се на официјални претставници, објавија дека полицаецот излегол да пие со колегите и заспал на улица додека се враќал дома. Кога се разбудил во близина на железничката станица, не ја нашол торбата.

Не е првпат вработените во јавниот сектор да прават некакви непријатности поради пијанство.

Така, во јуни на истокот на Јапонија, еден претприемач изгубил торба во која имало USB со лични податоци на 460.000 жители на градот Амагасаки. Бизнисменот излегол на пијачка и заспал надвор додека се враќал дома.

За среќа, USB-то беше брзо пронајдено.

Можеби ќе ве интересира

МЗ: Сите документи се спремни за увид, целосна поддршка за истрагата

M T

Шилегов: Ќе ги покажам сите документи од кои ќе се види лагата што се креира околу мојата семејна куќа

M T

Полицаец во Конго уби студент оти не носел маска

M T

“Паднаа” припадник на АНБ и полициски службеник во униформа – Детали за апсењето

CENTAR MKD