19.8 C
Скопје
30. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Нема државна помош однапред за фабриката за автомобили, за добивање државни пари потребно е исполнување на услови

Северна Македонија нема да вложува пари однапред во фабриката за електрични автомобили во Тетово. Доколку се исполнат договорените услови и термини, компанијата ќе добие државна помош, која нема да биде повеќе од 35 отсто од вкупната инвестиција, потенцираше директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски.

Доделувањето на државните средства ќе зависи од динамиката на реализација на инвестицијата и исполнување на договорените и предвидени услови и рокови во договорот.

Согласно потпишаниот договор и деловниот план на компанијата изградбата на фабриката треба да започне за шест до осум недели, односно на почетокот на есента, додека пак првите пробни возила ќе бидат готови во првата половина на 2024 година.

„Возилата кои ќе се произведуваат во фабриката за електрични автомобили во Тетово се за глобален пазар. Според деловниот план, годишниот капацитет е бројка од 30 илјади возила од 2025 година. Нашите очекувања се дека набрзо ќе го видиме не само производството, туку и сите позитивни ефекти од оваа инвестиција“ рече директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски во вестите на Канал 5.

Тој исто така одговори и на загриженоста на граѓаните дека ваквата инвестиција е ризик за државата, при што кажа дека како и за секоја странска инвестиција се прави детална проверка на компаниите од реномирани меѓународни ревизорски куќи. За оваа инвестиција во извештајот на ревизорите нема индиции за сериозен ризик. Деспотовски потенцираше дека сепак, државата има сериозни заштини механизми и самиот договор содржи заштитни клаузули за добивање на државната помош.

Директорот на ТИРЗ кажа дека државната помош ќе се рализира во рок од пет години, во согласност со динамиката на реализација и дека станува збор за компанија која е тесно поврзана со ренимираниот технолошки Универзитет од Ахен, која има сериозно инвестирано во развој на возилото во изминативе четири години.

„Компанијата за електрични автомобили од 2018 година има инвестирано во развој на возилото, постои пробно производство во Ахен, а тоа што ќе го видиме кај нас ќе биде производство во полн капацитет“ рече Деспотовски.

Спонзорирано: