19.8 C
Скопје
30. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Поплави во Турција по обилните врнежи и дождови

Обилните дождови предизвикаа поплави во северната турска провинција Кастамону, а најтешка беше ситуацијата во окрузите Инебол и Бозкурт, пренесуваат агенциите.

Синоќешните врнежи предизвикале излевање од коритото на реката Инебол, што предизвикало штета на инфраструктурата, а поплавен бил и локалниот пазар каде се урнал пешачкиот мост.

Поплавени биле и бројни објекти, а надлежните служби ги повикале граѓаните да не се приближуваат до реката и да не ги отвораат дуќаните.

Поради оштетување на инфраструктурната мрежа, поширокото подрачје на Инеболу остана без струја, јавува агенцијата.

Слична била ситуацијата и во областа Бозкурт.

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу изјавил дека засега нема загинати или исчезнати.

Турската служба за вонредни ситуации објави дека повеќе од 2.500 припадници на службата се испратени во шесте провинции погодени од поплавите.

Во погодените подрачја е прогласен црвен метеоаларм.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Поплави во Италија: Најмалку седум загинати, исчезна мало дете кое мајката не успеала да го задржи во раце

M T

Австралиските власти со предупредување до граѓаните – Да се подготват за нови поплави

M T

Поплавите во Пакистан однесоа 1.138 животи

M T

Поплави во западна Кина – 16 загинати, повеќе од 30 исчезнати

M T

Најмалку 15 лица загинаа во поплавите во Кентаки

M T

Поплави во Сиднеј, се евакуираат илјадници луѓе – Најавени се поинтензивни врнежи

M T