Инцидент се случи синоќа во строгиот центар на Париз. Според Франс инфо и весникот Фигаро, француската полиција отворила оган врз еден автомобил при што загинале две лица, а едно е повредено.
Полицијата забележала дека автомобилот се движи во погрешна насока, по што се обидела да го запре возилото и да го провери возачот, додаваат француските медиуми.
Француските медиуми јавуваат дека локалното полициско надзорно тело IGPN покренало истрага за овој случај.
– Автомобилот веднаш по полноќ се упати кон полицијата и одби да застане. Потоа еден од полицајците отворил оган и убил две лица, а третото го ранил – според извор на француските медиуми.
Спонзорирано: