15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Берлин и Париз се против забраната за руски туристи

Европската унија не смее да ги спречи руските туристи да го посетат блокот, најавија Германија и Франција пред состанокот на министрите за надворешни работи во Прага.

На оваа средба ќе се разговара за барањето на балтичките земји и на некои други членки за воведување забрана за издавање визи на Русите.

– Иако ги разбираме грижите на некои членки во овој контекст, не треба да ја потценуваме трансформативната моќ на доживување на животот во демократските системи од прва рака, особено за идните генерации – се наведува во француско-германскиот документ.

Во соопштението за медиумите се наведува дека визната политика на ЕУ треба да го одразува токму тоа и да овозможи контакт меѓу луѓето во ЕУ и руските граѓани кои не се поврзани со руската влада.

Подоцна денеска, министрите за надворешни работи на ЕУ се состануваат како дел од дводневниот состанок во Прага

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

ТУРИСТИТЕ ГИ ИЗБЕГНУВААТ – Овие земји се најнепосетуваните во светот

M T

Паника во Париз – Запленетите документи од куќата на Трамп би можеле да кријат валкани тајни од креветот на Макрон

M T

Феноменот „војна за крпа на плажа“ е во пораст – Еве на кои европски туристи им припаѓа таа титула

M T

Нови тензии меѓу Париз и Москва

M T

Туристи останаа заглавени во туристички град во Кина, по воведување локдаун

M T

Поради штрајк откажани десет проценти од летовите во Париз

M T