Рускиот претседател Владимир Путин упати новогодишна и божикна честитка до својот американски колега Џозеф Бајден во која посочува дека Русија и САД како земји со посебна одговорност за меѓународната и регионалната стабилност можат и мораат конструктивно да соработуваат.
Путин нагласува дека двете земји мора да вложат напори за решавање на бројните предизвици и закани со кои се соочува човештвото, објави Кремљ, а пренесе аганцијата ТАСС.
Путин испрати пораки со најдобри желби и до други светски лидери, како што се кинескиот претседател Шји Џјинпинг, францускиот претседател Емануел Макрон и британската кралица Елизабета Втора.