19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАБИЗНИС

Новогодишни пакетчиња од “Sport Life”

Во пресрет на новогодишните празници Sport Life донираше новогодишни пакетчиња во повеќе институции за деца и млади од ранливите категории.

Во текот на минатата и оваа недела претставниците на Sport Life ги посетија: Детскиот дом „11 Октомври“ во Скопје, Меѓуопштинскиот центар за социјална работа – Куманово, здружението Регионален центар за лица со интелектуална попреченост „Порака наша“ од Куманово и притоа ги израдуваа со новогодишни пакетчиња.

„Најголема и најважна е радоста и среќата на децата, затоа за новогодишните празници Sport Life својата хумана мисија ја насочи кон децата од ранливите категории, подарувајќи им новогодишни пакетчиња, со желба да им ги разубавиме новогодишните празници и да им посакаме радосно и безгрижно детство. Воедно, во оваа пригода Ви ја честитаме Новата Година и ви посакуваме најубави желби и среќни празници на сите“ – истакнуваат од Sport Life.
Sport Life како и досега, така и во иднина ќе продолжи со реализација на хуманитарни и општествено одговорни активности, за подобрување и унапредување на животот, спортот и за поддршка и помош на оние на кои таа им е најпотребна.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Три деца се меѓу 13-те загинати откако руски воен авион се урна во дворот на зградата

M T

Путин повика да се посвети посебно внимание на безбедноста на децата од новите региони

M T

4 хороскопски знаци кои се најпопустливи родители: Тие ја играат улогата на „добриот полицаец“

M T

Жена и две мали деца загинаа во железничка несреќа во Хрватска

M T

Уапсена мајката чии деца биле пронајдени мртви во куфери на Нов Зеланд

M T

Осум деца се тешко ранети кога граната експлодира на детски настан во Украина

M T