Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи Жозеф Борел ги оцени како неприфатливи условите за безбедносните гаранции претставени од Русија и предупреди дека преговорите за тоа не можат да се одржат без учество на ЕУ.
Секој што сака да преговара за идната безбедносна архитектура во Европа, треба да разговара со Европејците.
Според Борел, само две земји – САД и Русија или НАТО и Русија – не можат да преговараат на таа тема „дури и ако Москва така го замисли“.
Спонзорирано: