Членките на Европската Унија досега донираа само мал дел од вишокот вакцини против Ковид-19 на сиромашните земји, претежно од „Астра зенека“.
Документите покажуваат дека се донирани помалку од три проценти од 160 милиони дози што Унијата планира да ги сподели за да помогне во запирање на глобалната пандемија. Европската Унија вети дека ќе помогне во вакцинирањето на најранливите луѓе во светот, но како и другите богати земји, досега се фокусира на купување дози вакцини за сопствените граѓани придонесувајќи за недостиг на вакцини во други земји.
Членките на ЕУ имаат вкупно 365 милиони возрасни граѓани и досега добиле приближно 500 милиони дози, а до крајот на септември годинава се очекуваат милијарда дози.
Сепак, до 13 јули ЕУ донира помалку од четири милиони дози, според внатрешниот документ изготвен од Европската комисија.