24.8 C
Скопје
30. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Повеќе лица починаа како последица на топлотните бранови во САД

Повеќе од 10 смртни случаи во американските сојузни држави Вашингтон и Орегон може да бидат поврзани со силниот топлотен бран што донесе екстремно високи температури и предизвика ограничувања на електричната енергија во северозападниот дел на САД.

Во Сиетл и Портланд, по неколкудневни последователни рекордно високи температури кои надминаа 37.7 степени, вчера имаше мало олеснување, но температурите во градовите во источен Орегон и градовите во Ајдахо достигнаа пораст, пренесуваат агенциите.

Во Спокен, Вашингтон, биле измерени 42.2 степени што се највисоки температури забележани во тој град.

Американскиот претседател Џо Бајден за време на промоцијата на инфраструктурниот план вреден 1,2 милијарди долари во градот Лакрос во државата Висконсин, зборуваше за потребата земјата да се подготви за екстремните временски услови.

Метеоролозите сметаат дека топлотниот бран бил предизвикан од антициклон над североистокот на САД и климатските промени предизвикани од човекот, поради што ваквите појави ќе бидат се поверојатни и поинтензивни.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Мечка во САД нападнала момче во двор

M T

Џефри Сакс: Зад саботажата на „Северен тек“ можеби стојат САД и Полска

M T

Кина ги предупреди САД: Можна е нуклеарна војна, сите европски земји ќе треперат

M T

САД, Јапонија и Јужна Кореја со осуда за истреланата балистичка ракета: Тоа е неприфатливо

M T

САД се огласија за државјанството на Едвард Сноуден

M T

Може да се појават здравствени проблеми: Загревањето храна во пластични садови е штетно

M T