16.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТТОП ВЕСТИ

Експлозии во центарот на Киев, соборени дронови

Утрово одекнаа експлозии во центарот на Киев, изјави градоначалникот на украинската престолнина Виталиј Кличко.

„Експлозии во областа Шевченковски. Службите (итни) се на пат“, напиша Кличко на социјалната мрежа.

Тој додаде дека системот за противвоздушна одбрана соборил десет беспилотни летала од иранско производство над Киев и неговата околина.

Сирените за воздушен напад се огласија низ цела Украина. Цел на руската артилерија биле украинските сили во регионите Доњецк, Харков и Запорожје.

Најжестоките борби се околу Бахмут. Украинската армија продолжи со гранатирање на градот Доњецк и рускиот град Клинци, во областа Брјанск.

Војната во Украина влезе во 294-ти ден. Сојузниците на Киев ветија повеќе од една милијарда евра помош за реконструкција на енергетската инфраструктура на донаторска конференција во Париз.