22.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Маричиќ: Очекуваме Стево Пендаровски да победи во вториот круг, граѓаните сакаат претседател со јасни ставови и политики

„На ливчето во вториот круг на претседателските избори има само двајца кандидатаи – на СДСМ, актуелниот претседател Стево Пендаровски и кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Сиљановска-Давкова. Граѓаните имаат еднсотавен избор“ рече кандидатот за пратеник на СДСМ и Коалицијата за европска иднина, Бојан Маричиќ во емисијата „24 отворено“.

Тој додаде дека СДСМ ги повикува сите грааѓни кои сакаат да имаат претседател со јасни ставови, јасна политика и без дамка, кој ќе ја води државата на јасно зацртан европски пат да гласаат за Стево Пендаровски.

„Ние очекуваме поддршка од сите граѓани, се обраќаме до сите граѓани и знаеме дека гласовите се бројат од 0 во вториот круг. Согласно тоа, во директен разгвор со граѓаните и повик до сите партии кои веруваат во таков претседател очекуваме поддршка и очекуваме дека во вториот круг ќе победи Стево Пендаровски“ рече Маричиќ.