25.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАСВЕТИЗБОР

Влада на Косово: На средбата Курти, Ескобар и Лајчак договорено е да се отстранат барикадите на северот

Владата на Косово соопшти дека на средбата на премиерот на Косово, Албин Курти, со претставникот на ЕУ за дијалог, Мирослав Лајчак и со американскиот претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, едногласно било договорено отстранување на барикадите во северот, пренесува Репортерс. Никој од Белград или северот на Косово засега не зборувал за ова.

– Разговараа за процесот на дијалог меѓу Косово и Србија и следните чекори, најновите случувања и актуелни прашања. На средбата е постигнат взаемен договор дека барикадите на северот кои ја попречуваат слободата на движење треба да се отстранат – се вели во соопштението на владата на таа земја.

Тој додава дека Курти рекол дека Косово е конструктивна страна во дијалогот со Србија.

– Преку подготвеноста за средби и разговори, Република Косово континуирано се покажува како конструктивна страна посветена на постигнување правно и меѓународно обврзувачки договор за целосна нормализација на меѓусебните односи со Србија со взаемно признавање во центарот – рече Курти.

Инаку, денеска ќе се сретнат Мирослав Лајчак, Александар Вучиќ и Габриел Ескобар.