11.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Сијарто: Воведените санкции кон Русија и нанесоа поголема штета на Европската унија

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто изјави дека западните санкции наметнати на Русија не успеале да стават крај на конфликтот во Украина и само ја влошиле економската ситуација во Европа и дека планираниот деветти пакет санкции нема да биде исклучок.

„Санкциите нанесоа сериозна штета на сите, но за жал Европа се уште не ја напуштила оваа политика“, рече министерот во видео-обраќањето објавено на неговата Фејсбук страница.

Според него, деветтиот пакет санкции, кој сега се подготвува, „по сите сметки дополнително ќе ја влоши ситуацијата во Европа“.