22.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Oва е последниот повик за Европа, ние не се откажуваме!

Со испраќање на порака за здружување на силите на патот кон Европската Унија, Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија вечерва го одржа завршниот митинг во Скопје, непосредно пред изборите закажани за среда.

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, на присутните граѓани им порача дека двојните избори на 8-ми се последниот повик за Европа и од тоа, нема да се откажат.
„Исто како што не се откажавме изминативе седум години кога се соочивме со многу предизвици. Кога се боревме со сите кризи, со пандемијата, со инфлацијата, со енергетските проблеми! Знаете и самите дека имавме многу подеми и многу падови. Но, во ниту еден момент, ниту се откажавме, ниту се предадовме, ниту се повлековме. Бевме рамо до рамо со граѓаните“, изјави на митингот претседателот Ковачевски.

Ковачевски додава дека во време на СДСМ платите се золемиле за 120% а пензиите за 55%, со антикризни мерки во висина од над 2,6 милијарди евра и 2,5 повеќе странски директни инвестиции со подобри платени работни места.
„ И ова, не е мала работа. Многу поголеми и поразвиени земји од Македонија едвај излегуваа на крај со кризите, а ние единствени од цела Источна европа успеавме да го зголемиме животниот стандард на граѓаните. Тоа го потврди и реномиран виенски економски институт. И горди да бидете сите на тоа, затоа што сите вие дававте поддршка на тие политики кои ги водеше СДСМ, и коалиционите партнери од коалицијата з аевропска иднина. И бидете горди што покажавме на дело дека социјалдемократијата и СДСМ, беа оние кои ги заштитија граѓаните, кои буквално ја спасија земјата од колапс.“, посочи Ковачевски на вечерашниот митинг.

Солидарноста, заедништвото, социјалната држава и правдата, потенцира претседателот Ковачевски, се оние кои помогнаа да се извлечеме од хаосот кои го носеа кризите, но и ни овозможија да одиме напред и да постигнеме одлични резултати.
„ Бидете горди што покажавме јасно дека социјалдемократијата не е само идеологија на хартија, туку е единствен начин како општеството и државата да се подобрат и да обезбедат прогрес и просперитет.

И денес имам уште една можност да порачам дека вистинските социјалдемократи се овде, тука на овој плоштад. ВО моментов се и на плоштадот во Битола, не се вистински социјалдемократи оние лажните кои се ујдисаа со наследниците на Ванчо Михајлов и кои заедно со него планираат да им зададат удар на вистинските социјалдемократи. Ама овие социјалдемократи се направени и настанале 1943 година, а оние социјалдемократи оние кои лажно се претставуваат дека знаат што е социјалдемократија па затоа се крстиле веројтно и ЗНАМ тоа се лажни измислени 2021 година, во БЕлата палата на 200 метри од тука. Бидете горди затоа и што СДСМ е единствената социјалдемократска опција, граѓанска партија, партија со традиција, партија која е длабоко вкоренета во историјата на Македонија.

Бидете горди и затоа што ние никогаш не сме се откажале кога требало да се донесат тешки одлуки за државата да оди напред. “, им порача Ковачевски на скопјани.

Тој ги наведе зачленувањето во Обединетите Нации, добивањето на кандидатски статус на Македонија за влез во Европската Унија и зачленувањето во НАТО како тешки, но исправни одлуки што се донесени во време кога СДСМ била на власт и порача дека исто така СДСМ заедно со граѓаните, ќе ја внесе земјата и во ЕУ.