13.8 C
Скопје
15. јуни 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Маричиќ: ВМРО-ДПМНЕ ја палеше Преговарачката рамка во Собрание, за сега да каже дека им е прифатлива

„СДСМ постојано има отворен и искрен став, а тоа е дека сме за Македонија во ЕУ до 2030 година и сакаме конкретно да ги завршиме преговорите во наредните четири години. На прашањето кога во ЕУ, нашиот одговор е што побрзо“ рече кандидатот за пратеник на СДСМ и Коалицијата за европска иднина, Бојан Маричиќ во емисијата „24 отворено“.

Тој додаде дека доколку се прашаат ВМРО-ДПМНЕ и Сиљановска-Давкова кога во ЕУ, нивниот одговор е по можност никогаш или што подалеку со одложено дејство.

„Мило ми е што се менуваат тсавовите во ВМРО-ДПМНЕ. Јас присуствував во собраниската сала кога пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја палеа Преговарачката рамка. Денес слушаме дека Преговарачката рамка била прифатлива од нивната кандидатка“ рече Маричиќ.

Тој додаде дека на овој начин ВМРО-ДПМНЕ води неискрена политика и манипулира со граѓаните.