Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Пред да гласате во среда убаво размислете каква иднина и посакувате на вашата држава и вашите деца

Пред да го заокружите бројот, убаво размислете каква иднина замислувате за Македонија, каква држава сакате за вас и вашите деца, порача претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски на вечерашниот митинг во општина Центар.

Ковачевски порача дека гласањето во среда почнува од нула и од граѓаните побара да не не дозволат врз нивната одлука да влијаат евтините дневно-политички ветувања и националистички наративи.

„Погледнете ја големата слика, визуелизирајте како ќе изгледа државата по четири години ако довербата ја дадете на проевропска партија, а како ако гласате за наследниците на последниот автократ во Македонија. Гласајте совесно! Гласајте одговорно! На 8-ми мај одлуката за иднината на вашите деца и внуци е во ваши раце“ порача Ковачевски.

Можеби ќе ве интересира

ДОЖД, МАГЛА, ПА ТЕМПЕРАТУРИ ДО 21 СТЕПЕН – Македонија ја очекува нова промена на времето, се најавува и силен ветер над 60 км/ч

ДЕСК

ПЕТ ПРОДОЛЖЕНИ ВИКЕНДИ ВО 2027 ГОДИНА – Еве кога ќе одмораат граѓаните и кои празници паѓаат во сабота

ДЕСК

ОКОЛУ 40.000 ЛУЃЕ ВО МАКЕДОНИЈА ИМААТ ДИЈАБЕТЕС БЕЗ ДА ЗНААТ – Алармантни податоци за Светскиот ден на дијабетесот

ДЕСК