20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Ослободен е директорот на нуклеарната централа Запорожје

Шефот на нуклеарната централа Запорожје во Украина, кој во петокот беше приведен и уапсен од руски патроли е ослободен, објави денеска шефот на нуклеарната агенција на ОН, МААЕ – Рафаел Гроси. Украина ја обвини Русија за неговото апсење и истото го нарече терористички чин.

Украина извести дека руска патрола го уапсила Ихор Мурашов во петокот додека патувал од најголемата европска нуклеарна централа до градот Енерходар, дом на многу вработени во централата.

Објектот сè уште е управуван од украински персонал под услови за кои Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) вели дека ја загрозуваат неговата безбедност.

Агенцијата во саботата објави дека контактирала со „релевантни лица од властите“, без конкретно да ја спомене Русија и дека била информирана дека Мурашов е „привремено приведен“.

„Ја поздравувам веста за ослободувањето на Ихор Мурашов, директорот на нуклеарната централа Запорожје во Украина. Добив потврда дека господинот Мурашов се вратил кај своето семејство и е безбеден“, напиша денеска Гроси.

Русија и Украина се обвинуваат меѓусебно за гранатирањето кое ги оштети зградите околу централата, а МААЕ повика на тампон зона околу локацијата за да се намали ризикот од потенцијална катастрофална несреќа. Гроси оваа недела треба да отпатува за Москва и Киев каде ќе учествува во преговорите.

Можеби ќе ве интересира

Сирени утрово во Киев – Нов напад на Запорожје

M T

Крис Колбурн е новиот генерален директор на САСА

M T

Реакторот во нуклеарната централа Запорожје исклучен поради гранатирање

M T

Кривична против поранешен директор на училиште, кој дозволил наставничка да работи без диплома

M T

Директорот на „Фајзер“: Мала група луѓе шират дезинформации за вакцините, тие се криминалци

M T