Centar.mk
БИЗНИС

ЕСМ: Продолжуваат активностите за ремонтот на Блок 1 во РЕК Битола

Во РЕК Битола во полн ек е ремонтот на Блок 1. Во активностите се вклучени вработени на комбинатот и стручни лица од домашни компании.

Заради енергетската криза во државата и Европа, ремонтите на блоковите во РЕК Битола годинава ќе бидат изведени за помалку од 30тина дена, наместо вообичаените 45 и повеќе. Фокусот е ставен на највиталните делови од постројките кои после техничко-технолошкото освежување треба да обезбедат стабилност на производството.

Ремонтот на Блок 1 на РЕК Битола предвидено е да заврши до 15 октомври, по што ќе следуваат исти активности и на Блок 2. Во меѓувреме се очекува да пристигне трансформаторот за Блок 3, по што РЕК Битола би продолжил со работа со полн капацитет.

Можеби ќе ве интересира

Дигиталната инфраструктура како предуслов за нови инвестиции и конкурентна економија

ДЕСК

Халкбанк со поддршка на проектот „Менталното здравје пред сѐ“ на СОС Детско село

ДЕСК

Анализа: Цената на струјата на ХУПЕКС продолжува да расте, ќе се одрази ли тоа во сметките на македонските граѓани?

ДЕСК